НЕ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА ВРЗ УКРАДЕНАТА ДОМОРОДСКА ЗЕМЈА! повеќе
Солун: Ифанет повторно нападнат: Вечерта, 9ти феврури Фабрика Ифанет била повторно нападната од група фашисти. Следи изјавата од ФИ во врска со нападот
Изјава-Информациј од сквотот Фабрика ИФАНЕТ
Напад против Фабрика ИФАНЕТ, Информација од Собранието
Близу 23:00, додека се оддржуваше собрането на Фабрика ИФАНЕТ, окол 20 фашисти, облечени во качулки, со стапови и шлемови го нападнаа сквотот. Се обидоа да влезат во просторијата каде се оддржуваше собранието но беа упешно спречени од неколку другари/ки, по што почнаа да кршат низ неколку места во сквотот.
Штетата што ја направија беше мала, еден изгорен скутер, некој намештј и други некои работи. Некои деца кои се наоѓаа на BMX рампата беа тепани, но без сериозни повреди. Никој/а однас не бешеповреден/а. Потоа наоколу се појавија разни видови џандари/ки, а во меѓувреме се собраа луѓе во солидарност со нс. Фашистите исчезнаа. Помеѓу џандарите/китеи луѓето кои се собраа се случија неколку закачки и без некоја посебна причина се појвија МАТ (специјалните сили н свињите) кои го нападнаа и фрлија неколку солзавци во сквотот.
Ова време веќе се изнасобраа прилично многу луѓ пред сквотот, повеќе од 200 во дружељубива атмосфера. Џандарите/ките и фашитите наеднаш исчезнаа.
Една девојка, надо од зградата, која им изгледаше дека се солидаризира, беше одведена од свињите во локалната свињска станица и би требало да биде ослободена подоцна.
Во моментот се оддржува ново собрание, а друго е договорено за утре во 18:00. извор
Нови текстови во онлајн библиотеката на Терор13
Што да се направи?
(Одговор на артикл од "Outcast") Ерико Малатеста (26 Август 1922)
„Што треба да се направи?“ е прашањето што, повеќе или помалку, секогаш ги мачи сите луѓе кои се залагаат за некој идеал, и брзо доаѓа до моменти на криза, кога неуспехот или разочарувањето поттикнува преиспитување на прифатените тактики и носи критики кон некои можни грешки и бара поефективен начин. Другарот Outcast е во право што повторно го постави прашањето и ги повика другарите да размислат и одлучат што да прават. повеќе...
Што е тоа капитализам?
Капитализмот е исто што и демократија, спрема тоа противници на капитализмот се и противници на демократијата. Капитализмот и демократијата се всушност две различни работи. Демократијата ја подржува идеата дека луѓето треба да имаат контрола над нивната култура на живеење и дека нивната сила мора да биде распоредена а не концентрирана во рацете на малкумина. Капитализмот е сосема нешто друго.
повеќе...
Синдикализам и анархизам
Петар Кропоткин
Луѓето од сите краеви секогаш не прашуваат што е синдикализам и каков е неговиот однос кон анархизмот. Овде ќе дадеме се од себе да одговориме на тие прашања.
повеќе...
Нов текст во онлајн библиотеката на Терор13
Мојот бесплатен и едноставен живот
Кога Катарина Хиберт ја изгуби работата и станот таа не започна да штеди туку одлучи целосно да раскрсти со парите, живеејќи од стварите кои ние останатите ги фрламе.повеќе
Нов текст во онлајн библиотеката на Терор13
1868-2000: Анархизмот во Јапонија
Историја на некогаш влијателното анархистичко движење на јапонските острови во 19тиот и 20тиот век повеќе
Шусуи Котоко 1871-1911
Кратка биографија на новинарот Котоку Шусуи кој помогнал во воведувањето на анархизмот во Јапонија и бил погубен за предаство.повеќе
Пост-COP15: И што сега?
Деновите на протест: 10ти, 11ти, 12ти, 13ти, 14ти, 15ти, 16ти [1|2|3] и 17ти Извештаи од анти-репресија протестите | друга веб страна со видеа од копенхаген
Солидарност: Талин, Сиднеј, Фрајбург 1 | 2, Кембриџ 1 | 2 , Питсбург, Дрезден, Лондон, Берлин Вашингтон, Сан Хозе (Костарика), Калгари, Нотингем, Хамбург, Најмехен, Утрехт, Сан Франциско
Хондурас: 25-годишниот геј револуционер Валтер Трочез бил убиен во понеделникот во Тегуисигалпа од националистичка државна свиња. Валтер бил активист за геј права и член на Националниот Фронт на Отпор Против Пучот во Хондурас. Пред некое време Валтер имал објавено текст насловен како “Зголемување на злосторствата од омраза и хомофобијата како резултат на граѓанско-религизно- воениот пуч во Хондурас“ кој го завршил со зборовите “Како револуционер секогаш ќе го бранам својот народ, дури тоа да биде и по цена на мојот живот’. На убиството му претходеле и брутални тепања и испрашувања претходните денови повеќе
Оахака: Убиен учител во регионот Лохича Писмо упатено до јавноста од политичките затвореници/чки во Лохича регионот, за се позачестените убиства и репресија од страна на државата во време кога народот се обидува да ја обнови срушената социјална фабрика од државната репресија во 1996та. повеќе
Грција: Бран штрајкови ја заплиска земјата повеќе
Шкотска: Единбуршките работници/чки се спротиставуваат на отпуштањата од работа во Советот повеќе
Индонезија: Мигрантските работници/чки и активисти/ки во солидарност го одбележаа меѓународниот ден на мигрантите/ките повеќе
Итен повик за меѓународна солидарност: Забранет синдикатот FAU Берлин (FAU-B) Од 11ти декември FAU-B е забранет како синдикат. Одлуката била донесна од Берлинскиот регионален суд (Landgericht Berlin) без претходно солушување. FAU-B не бил информиран дека Neue Babylon GmbH - со кои FAU-B се наоѓа во правен спор за работнички права, започнале судски процес против нив. Правната одлука оди многу подалеку од само одземање на правата на FAU-B како синдикат во рамките на киното Вавилон. Од сега па натаму тие не смеат да се нарекуваат себеси синдикат! повеќе
Барање помош од колективот Данделион од Индонезија повеќе
Џеф Луерс слободен! повеќе
Џок Палфримен доби 20 години казна затвор во Бугарија повеќе
Излегоа на виделина судските контроли и надгледувања на “Тарнак 10“ повеќе
Нов текст во онлајн библиотеката на Терор13
Преглед на анархизмот во Јордан денес
Конечно после повеќе од 50 години комунистички актвизам во Јордан, анархистите/ките почнаа да се збираат. Повеќето јордански анархисти/ки се уметници/чки кои работат со музика, филм и графички дизајн, еден од нашите другари ја завршува својата магистратура на родови студии. Некои другари/ки се јорданци/ки, а други палестински бегалци/ки кои живеат во Јордан. повеќе
Денес, сабота, од 9-12 часот е приемен ден во стационарот/ касапницата за заробени кучиња Вардариште.
Оди и спаси живот!
Белград 6: Интелектуалците повторно се огласуваат тука За другарите и другарката обвинети за тероризам тука
Нашата клима - не е ваша работа/бизнис демо Вчера изутрината со број кој растеше до 800 протестери /ки се оддржа демо во Копенхаген, како дел од маршот Don't Buy the Lie (Не им верувајте на лагите) повеќе
Торино: Евикции = Немири Во четвртокот полицијата во Торино го евиктирала најпрво Канеира, а потоа се упатила кон Л’остиле, каде бил брзо организиран отпор од жителите/ките на Л’остиле и локалната екипа Џандарите/ките успеале да стигнат до кровот и да ги симнат сквотерите/ките. Во акцијата неколку луѓе се уапсени. На 19ти овој месец во Торино е закажан протест против институционалната репресија и евикциите на окупираните простори повеќе
Итен повик од Ресалто за создавање солидарен фонд
По полицискиот напад и брутална провала во анархистичкиот/ антиавторитарниот центар на “Ресалто“ во текот на саботата попладне, на 5ти декември, 22-те/цата уапсени другари/ки беа ослободени од судот на Пиреја, в зори, вторникот, на 8ми декември.
За нивно ослободување, и од затвор и од притвор до судењето, судот постави ограничени клаузули врз нив, а исто така поставија висока сума за кауција.
Вкупната сума на кауцијата стигнува до 51000 евра. Конкретно, за еден/на од уапсените е поставена на 15000 евра, за тројца/три од нив по 5000 од човек, а за останатите седум, кауцијата е 3000 евра.
Вкупната парична сма на кауцијата мора да биде доставена до четврток, 17ти деември, но се препорачува, поради избегнување на бирократската неажурност, оваа сума да се постигне до вторник, 15ти декември.
Така, како финансиска поддршка на 22те уапсени од Ресалто, но исто така заради итно исплаќањ на кауцијата, осноан е солидарен фонд. Потребно е сите ние да помогнеме во собирањето на оваа невообичаено висока сума на пари за кауција.
За таа цел, за да може оваа ума пари да биде безбедно собрана ве охрабруваме и замолуваме сите да воспоставите директен контакт на овој тел. број 30 6973657960 или преку е-пошт. адреса на tameio22@espiv.net да би можеле да го добиете бојот на сметка каде ќе можете да и вложите парите.
Солидарноста е нашето оружје!
ИТНО КОМУНИКЕ ОД АТИНСКИТЕ АНАРХИСТИ/КИ (9.12.’09)
ПОСЛЕДНИВЕ ДЕНОВИ ГРЦИЈА ВИДЕ НЕВИДЕНИ ОРГИИ НА ХУНТАТА
ПРИМЕРИ:
1) Џандари/ки со пиштоли на демонстрации
2) Рации со мотори врз протестерите/ките
3) Џандари/ки кои ги следат мирните демонстранти/ки, диви и недискриминирани апсења
4) Наместени настани како што е наводниот обид за убиство врз ректорот на Пританеа
5) Огромен број на бледи, па и криминални обвинеија, апсејќи и стари и млади
6) Затворање на школи со образложение за свински грип и безмилосно тепање студенти/ки и ученици/чки кои сакаа да одат во своите школи
7) Прикриени џандари/ки кои киднапираат млади протестери/ки
8)Многу поочигледна соработка помеѓу нео-нацистите/ките од Златна Зора и полицијата
9) Тајни средби помеѓу Крисохоидес и шефовите/ците на ТВ каналите и новинарите/ките за да одлучат како ќе бидат покриени деновите од известувачите/ките
10) Тајни прикриени камери и постојано прелетување на хеликоптери
11) Нула толеранција за фрлање камен на банка, прекшок со кој се правда полициски напад
12) ЗАБРАНА на демонстрации и политички собири во прометните населби со големо полициско заплашување и неверојатно документирање
13) Хакерски напад на Индимедија и сајтовите на сквотираните места и TVXS (без граници ТВ), бришење коментари
14) Инвазија и ПРЕВЕНТИВНИ АПСЕЊА во многу само-управувани простори
15) Реферирање на анархистите/ките и бунтовницит/чките како "фашисти/ки и нацисти/ки !".
16) Отстранувае н азилот (во универзитетите) на типичен Хунта-овски начин
И МНОГУ ПОВЕЌЕ!
ОВА НЕ Е ВРЕМЕ ДА СЕ БИДЕ ТИВОК/КА! ОВА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ОПУШТАЊЕ!
СИТЕ НА УЛИЦА - СКВОТ НАСЕКАДЕ!
ТЕ МОЛИМЕ ПОМОГНИ НИ ДА ЈА УНИШТИМЕ ГРЧКАТА ХУНТА!
РЕЖИМОТ ОДИ ВО НАСОКА НА ОНОЈ ОД 1967!
Разбуди се!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
цело комунике
"Abbolishing the borders from bellow" #35 Кои се терористите/ките? во Терор13
За 8ми закажана демонстрација во Атина и Солун
Според последниот апдејт од Грција, преку Occupied London, окупирана е админитративната зграда на Аристотел Универзитетот во Солун во знак на протест на прекршување на академскиот азил веќе трет ден по ред (освен невидена полициска бруталност (слики) демонстрациите ги обележа кршењето на академскиот азил, т.е. влегување на полицијата на територија на универитетот, чија автономија, досега, ги држеше џандарите надвор од универзитетските кампуси). Од саботата до понеделников низ цела Грција приведени се најмалку 823 луѓе, а 159 од нив се официјално уапсени и обвинети. Студентската демонстрација во Атина е завршена, повторно под тешко полициско присуство. Уапсени се 15, а приведени 30, без некои судири. На Егзархија плоштадот сеуште има многу луѓе. Еден средношколец е сериозно повреден, што е потврдено и од масовните медиуми.
Настаните кои следат, поврзани со протестите против Конференцијата за климатски промени на ОН во Копенхаген можете да ги следите на англиски јазик на Indymedia DK| Climate IMC| Imcuk Cop15 Section | Act For Climate - Twitter
Климатскит караван кој започна во Женева, на СТО протестите, на пат до COP15 ОН самитот за климатски промени во Копенхаген, застана во Фрајбург, каде по дискусиниот состанок 100 точаци ги окупираа улиците за поинаква клима indymedia dk
Democracy Now! ќе врши пренос во живо од настаните во Копенхаген
Во живо од окупирана Атина: временска рамка на вечерашните настани можете да следите на Occupied london
Улиците на Грција денес слики
Фото од Екзархија вчера вечер и денес наутро
Remember, Remember,
6th of December
Денес демократијат зеде 162 затвореници/чки, Утре е наш ден: Демонстрации во 20 градови низ Грција. Последната изјава од Политехничкиот фкултет. Вчера полицијата упадна во Анархистичкиот простор Ресалто, приведувајќи 13 луѓе и кршејќи ги стаклата од фасадата на просторот. Џандарите/ките исто така го преплавија плоштадот на Егзархија, приведувајќи 20тина луѓе, без ништо всушност да се случува. Коринт во солидарност со Алексис слики Солидарност од Хамбург
- Изјава на Отвореното Собрание на Политехнчкиот факултет во Атина и Театарската школа во Солун
- Сведоштво на сведоци на убиството на Алексис Григоропулос анг./грч.
Најавени акции на солидарност на 6ти декември Мадрид | Кипар | Амстердам | Диселдорф | Единбург | Бостон | Луксембург
По апсењето на Кристоф на 27ми ноември, како десетти во случајот Тарнак 9, сега 10, еве ја нивната јавна изјава
Германските анархисти/ки и “објавуваат војна“ на државата повеќе
Пред Копенхаген Брисел, Лондон
Грција: Започнаа окупациите на универзитетите пред 6ти декември (денот на убиството на Алексис) Економската школа во Атина, која беше еден од столбовите на декемвриското востание, беше затворена под некакво образложение “свински грип“. По објавувањето на информацијата се поавија десетици џандари/ки пред школските порти, пцуејќи, тепајќи, напаѓајќи ги со солзавци студентите/ките кои веднаш се обидоа да ја окупираат школата, кои сега се наоѓаат во полициска заседа. Последната информација вели дека џандарите/ките се повлекле. Денес утрото беа окупирани и Театарската школа во Солун, исто еден од столбовите на востанието, како и Политехничката школа во Атина повеќе на occupied london blog libcom anarchist news Вести следат како ќе се развиват настаните
Десет години по Сиетл, недела дена пред Копенхаген COP15, Анти СТО протестите во Женева го најавуваат престојниот декември. На 28ми започнаа демонстрациите во Швајцарија, која во меѓувреме продолжува со својата ксенофобна расистичка политика, каде на 30ти започнува состанокот на Светската трговска организација (настан кој ни ги враќа сеќавањата на Сиетл карневалот против капитализмот 1999та и почетоците на анти-глобалистичката мобилизација). На протестите учествувале околу 3000 луѓе, меѓу кои и црниот блок, препознатливи по милитантниот израз во демонстрирањето против капиталистичката репресија, кои повторно беа дочекани од добро познатите солзавци, гумени куршуми и полициско насилство. слики 1, 2, 3, 4| видео 1, 2, 3, 4
Грција: На 27ми ноември во Солун се оддржа масовен марш на солидарност со Илиа Николау (слики од маршот, Солун момент. состојба преку слики), анархист уапсен во јануари оваа година, под обвинение за подметнување пожар на општинската полициска станица во Евозмос, обвинение кое тој го отфрла како невистинито. Илиа е еден од тројцата анархисти (меѓу кои и Ваѓелис Боцацис, кој поради недостаток на докази беше ослободен по неколку месеци) кои 2006-2007 се повлекоа во “подземјето“ кога државата издаде наредба за нивно апсење за нападот врз Изложбата на францускиот автомобил. При апсењето биле тепани, под оправдување дека давале отпор при приведувањето. Од тепањето Илиа се здобил со две фрактури на раката. Од јануари Илиа се наоѓа во затворот Амфиса, а деновиве зачестија нападите врз државата и капиталот, во солидарност со Илиа (слики од Кожани, Атина, Птоломеида, непосредно пред неговото судење закажано за 2ри декември. повеќе инфо и писмо од со-работниците/чките на Илиа Николау
1ви декември, Амстердам и градовите во солидарност. Големо демо на Дам плоштадот против најавеното донесување на забраната за сквотирање во Холандија, прашање со кое холандската влада веќе подолго манипулираше и заплашуваше за на крај да го стави на гласање. во солидарност Познан, Гданск, Минск
Англија, 3ти декември, Отпор против евикција на Кингс Крешент Естејт повеќе
Нов текст во онлајн библиотеката на Терор13
Заборавив да ви кажам за еден натпис – се вика...зошто Геј бракот “e” крајот на Светот (или, во најмала мера, за квир светот)
Заборавив да напоменам дека организирав дрска/безобразна тркалезна маса за квир изданието на октомвриското издание на Максимум Рокенрол (Maximum Rocknroll) – издание кое сега е тргнато од продажба, но тука е тркалезната маса за ваше разгледувачко задоволство.. повеќе
Грција Пред нов жежок декември?! Се ближи годишнината од убиството на Алекс и декемвриското востание во Грција, која се поклопува и со судењето на убиците на Алексис. На 24ти овој месец во Солун бил нападнат социјалниот центар Буена Вентура со моќна експлозивна направа. Ваквиот вид на напади му се добро познати на анти-авторитарното движење, кои од ’60тите навака ги спроведувале пара-државни групи, чија фашистичка логика наоѓа прибежиште и легитимитет на практично ниво во координираниот напад лансиран од власта против се што изроди минатиот декември повеќе Масовен ксенофобен напад и демонстрации Истиот ден, на 24ти, во Неос Космос, атинска населба со значителен број на арапски мигранти/ки, биле нападнати мигранти/ки од група од 40-50 фашисти. Демонстрација била повикана за следниот ден. повеќе
Бруненштрасе 183 евиктиран Попладнето, на 24ти ноември над 600 џандари/ки учествувале (видео) во евикција на проект-куќата во Мите/Берлин, спротиставени од 21 сквотери/ки видео, слики. Отпорот продолжува.
Ре-окупирана шумата Лаперсфорт во Белгија По губењето надеж дека Лапесфорт може да биде спасена, повторно оживува акциониот камп. повеќе за Лаперсфорт
Амстердам 1ви декември, Дам плоштад, Бори се за твоето право на сквотирање! Стоп на забраната за сквотирање! Сквотирај ја палатата повеќе
Вања Коскокршачот преку сопствените зборови Интервју со Вања, направено во септември оваа година за pinxunite.ru повеќе
И традиционалната демонстрација Силвио Маер во Фридрихшајн/Берлин во знакот на Вања слики 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 видео 1, 2, 3
Проекција
Libertarias
(филм за жените во шпанската граѓанска војна, FAI и CNT)
19:00
26ти ноември, четврток
CK (ЦеКа)
+ првиот број од весникот на Анархистички Фронт (АФ) “Слобода“ + памфлети и индивидуален придонес
за повеќе инфо обрати се на анархоиди
САД: Окупации и штрајкови низ калифорниските универзитети повеќе
17ти ноември преглед низ светот, Грција: Обележана 36-годишнината од анти-диктаторското стдентско востание Масовни протести низ цела Грција, над 200 луѓе притворени повеќе
Португалија: CCL под закана од евикција Анархистичкиот Центар за слободарска култура егзистира од 1974та. Основан е од старите анархисти/ки, кои се бореле против диктатурата, а низ годините станал важно место за анархизмот во Португалија, како и дом на повеќе генерации анархисти/ки. Има единствена библиотека и архива со книги издадени последните 100 години, како и свое дистро. повеќе
Повик од Холандија Ние сме сквотери/ки од Холандија. Бараме од вас да организирате протести во вашата земја против забраната за сквотирање во Холандија. Предложуваме своите протести да ги организирате помеѓу 26ти и 28ми ноември бидејќи Eerste Kamer (првиот дом на парламентот) ќе гласа за забраната на почетокот на декември повеќе
Манчестер: Сквотирано ново место во Трафорд Парк Членовите/ките од The Freedom Project сквотирале место со намера да го прилагодат во социјален центар и прибежиште за луѓето погодени од рецесијата повеќе
Москва: Убиен еден од основачите на антифашистичката R.A.S.H. На 16ти ноември, пред својот дом во Москва, бил убиен 26-годишниот Иван “Вања Костолом“ Куторској, кој значел многу за руското антифашистичко движење повеќе Вечерта на 17ти ноември,беше нападната канцеларијата на “Млада Русија“, блиски соработници на “Руски образ“, кои се осомничени за убиствата на Скат и Стас повеќе
“Фашизам: Запознај го непријателот“ - издание на антифа Нови Сад (симни pdf)
Поддршка за Кери Фелдман и Скот Демут ALF активистот кој пред недела дена одбил да сведочи пред федералниот суд во Давенпорт, Ајова, сега се гони за заговор за чин на “тероризам врз претпријатие за животни“, кој се однесува на вандалскиот чин за правата на животните, извршен 2004та во универзитетот во Ајова повеќе
Шведска: 8 од Fittja 10 се ослободени повеќе
Италија: За апсењето на Леонардо Ланди До пред неколку дена, Лео, ELF активист, бил во бегство, под обвинение за кражба, од 2008, пред да биде фатен во Вентимиља. повеќе
Амстердам: Акција на солидарност со Liebigstrasse Берлин Спалени се две BMW возила во знак на солидарност со другарите/ките од Берлин, каде била извршена рација во две куќи на Liebigstrasse со цел да се најдат докази за спалување на bmw возилата претходно. повеќе
Шведска: Повик на солидарност со Јонатан По два месеци притвор Јонатан е осуден на 15 месеци затвор за 3 ELF акции. повеќе
Меѓународен ден на студентите/ките
За бесплатно образование
12:30-20:00,
17ти ноември, вторник
Холот на Филоз./филол. факултет
и пред споменикот на Св. Кирил и Методиј
- Оддавање почит на ЖРТВИТЕ од 17ти ноември 1939 и мај 1968
- Трибина на тема „ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ Е БИЗНИС“
- Проекции на кратки ФИЛМОВИ на тема студентски проблеми, студентски протести и студентското движење низ годините.
- музики и DJи :)
- Flashmob(s)
повеќе
Извештај од Автономното женско собирање во април во Виена
Медијската политика на Автономното женско собирање, Виена:Во април, отидов на Автономното женско собирање во Виена (Autonomous Womyn's Gathering, Wien). Како дел од ГФ проектот, водев работилница за правење на зин. Беше прекрасен сончев ден, ние бевме група, испоседнати наоколу на клупите за пикник, надвор од FrauenLesbenMädchenZentrum, муабетевме, правевме уметност и пишувавме, и соработувавме во правењето на зинот заедно. повеќе
Напад врз активистите Антифа во акција Двајца/све активистки на движењето Антифашистки и антифашисти во акција беа физички нападнати од страна на група фашисти, синоќа околу 21ч 20мин, додека лепела плакати на Васина улица во Белград. повеќе
Завршена истрагата за Грчката амбасада Шесте анархисти/ки обвинети за “меѓународен тероризам“. повеќе Во солидарност окупиран Српскиот културен центар во Париз. Изјава на CNT AIT Протест пред Српската амбасада во Анкара повеќе
Истанбул: Слобода за Ефи Бренер и Ор Бен-Давид Солидарен протест на турските антимилитаристи/ки пред израелскиот конзулат во Истанбул за ослободување на израелските приговарачи на совеста кои беа уапсени заради приговор на воената политика на израелската влада врз палестинскиот народ повеќе
Нападнати “Лелас Карајани 37“ и “Вила Амалиа“ во Атина повеќе
Серија окупации на средни школи низ северна Грција По одлуката на државното обвинителство да покрене обвиненија против учениците/чките за окупирање на нивното училиште во Солун, повеќе од 35 средни школи беа окупирани низ Грција во последните две недели. повеќе
Акции на солидарност со сквотерите/ките во Холандија: Гренобл, Талин, Прага, Виена, Барселона, Берлин
Нов текст во онлајн библиотеката на Терор13
Да читаш, дискутираш и мислиш анархофеминизам
Разговор со Анкица Чакардич, универзитетска професорка и теоретичарка на анархо феминизмот, за критиката на феминистичкиот меинстрим, и за убедувањето на анархо феминизмот како и за анархофеминистичката сцена во екс ЈУ просторот. повеќе
Електронско издание на книгата “Анархизам и други есеи” - Ема Голдман
Друштвотo за унапредување на литературата на новитe медиуми (Društvo za promicanje književnosti na novim medijima DPKM), во сорабoтка со загребскиот DAF во рамките на проектот “Беспланти електронски книги”, објавува нов бесплатен наслов “Анархизам и други есеи” - Ема Голдман, 3 ноември, 2009г.
Ема Голдман (Emma Goldman)
Американска политичка активистка, познатата како една од првите претставнички на анархизмот и феминизмот. Родена 1869г во царска Русија, во семејство со еврејско потекло, па во 1886г емигрирала во САД. Таму се приклучила на анархистичкото движење. Поради своите ставови била прогонувана, а во 1901г фатена и осомничена за соучество во атентатот на претседателот на САД, Williama McKinleya. Била една од првите жени која се залагала за контрацепција. Во 1917 година, поради спротивставувањето на влегувањето во војна на САД е протерана во Русија, каде била сведок на Октомвриската Револуција. Таму се разочарала од болшевичката власт па ги променила своите ставови, отфрлајќи го секое насилство освен во самоодбрана. Во 1936г ја поддржала републиканската страна на шпанската граѓанска војна. Умира во 9140г во Канада.
Книгата можете да ја читате на www.elektronickeknjige.com
извор: zamirzine
16-минутен филм за состојбата на битолската зоолошка “градина“ и болно застрашувачките услови во кои живеат или умираат нејзините заробени жители/ки.
Animals who live in zoos are treated as voyeuristic objects rather than living creatures, and are often driven to insanity in the transition from being free and wild to incarcerated and dependent on humans for survival.
Polar bears, lions, tigers, and cheetahs show the most evidence of stress in captivity. Several bear species were engaging in neurotic, stereotypical behavior, including pacing, walking in circles, and swaying or rolling their heads.
All living creatures should live free, not imprisoned.
Затворање на логорите за животни.
Video made in the ZOO in Bitola, Macedonia
by Netocka Nezvanova and Kalina Kalinka
Нов текст во онлајн библиотеката на Терор13
“ОТПОРОТ Е ВОЗМОЖЕН”
Интервју со две членки на Роте Зора
Да започнеме со тоа кои сте вие.
Зора 1: Ако ова е лично прашање, тогаш ние сме жени помеѓу 20 и 51. Некои од нас го продаваат својот труд, некои од нас го земаат тоа што им е потребно, а други се “паразитки” на социјалната држава. (ги користат благодетите на државата) "parasites" on the welfare state. Некои имаат деца други немаат. Некои жени се лезбејки други сакаат мажи. Ние купуваме во одвратни супермаркети, ние живееме во грди куќи, сакаме да одиме на прошетки или во кино, театар или диско. Ние правиме забави и култивираме безделништво. И се разбира живееме со негирањата дека многу од нештата што ние ги сакаме не можат да се направат спонтано. Но, по успешните акции ,навистина се забавуваме. повеќе
Нов текст во онлајн библиотеката на Терор13
Југославија – Империјалистичка војна против светскиот пролетеријат во деведесетите години на дваесетиот век – Меѓународна кризна група
Аналиэа на меѓународната криэна група эа војната во Југославија, со информации эа предвоените работнич-ки борби во регионот.
За нас аналиэата на војната во Југославија е неопходна. Оваа војна не само што е важна поради своите директни последици врэ животот и борбата на пролетеријатот во регионот – туку е и важна эа меѓународниот пролетеријат, бидејќи таа и ги наја-вува и предвидува воените конфликти што претстојат. повеќе
KRAKEN GAAT DOOR!!!!!! (СКВОТИРАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА)
По се изгледа дена од јануари 2010, забраната ќе стапи во сила, што значи дека не само што преку илјадници луѓе ќе остана без кров над главата туку суштинска промена на активистичката сцена. повеќе
Барселона во солидарност со холандските сквотери/ки повеќе
Грција: По убиството на уште еден емигрант Мохамад Атиф Камран, Атина ја преплавија големи демонстрации (слики) , окупација на градското собрание на Никеа, 8 луѓе се обвинети, 5 од нив според новиот закон (пост-декемвриските немири) за носење ќулавка. Окупацијата на градското собрание завршува, окупирана универзитетската зграда Пропилеа, барањата остануваат - слобода за сите притворени. Во меѓувреме мигрантите од логорот за задржување Пагани во револт спалуваат две крила од центарот. На 19ти во срцето на Атина џандар е уапсен од своите колеги за пукање со пиштол во воздух при кавга со Сомалијка. Солидарноста со притворените другари/ки беше брза. Окупирани се административната зграда на полицијата во Ханија, театарската школа во Солун и админ. зграда на економското училиште во Атина. 5 од 8те се ослободени. Уапсен емитувачот на анти-диктаторското студентско радио во Егзархија. 22ри - ослободени останатите три. Шефот на грчката полиција е принуден на оставка, а грчката влада објави повлекување на законот против носење ќулавки.
Сквотирањето забрането во Холандија! повеќе
Шефилд: Евикција на Northumberland повеќе
Лондон: По 5 години rampART евиктиран повеќе
Светски ден против МекДоналдс: 16-ти Октомври
Секоја година на 16 Октомври има Светски Анти-МекДоналдс Ден.[Светски ден на хрананта на Обединетите Нации] – протест против промовирањето на брзата храна, неетичкото таргетирање на децата, експлоатацијата на работниците/чките, суровоста кон животните и глобалната доминација на корпорациите над нашите животи.
повеќе
Германија: Синдикатите користат флеш мобови како иновативни начини за индустриска акција: Флеш моб со намена се последните новини од политичките протести. Во моментов еден од најголемите германски синдикати ги користи во борбата при кршење на работничките права, барајќи од своите членови/ки да оставаат натрупани колички за шопинг во премините на супермаркетите. Бизнисмените/ките сакаат флеш мобовите да се прогласат за нелегални и го поднесоа случајот до германските највисок суд. повеќе
Грција; Пристаништето во Пиреја под блокада поради приватизација
Работниците од Пиреја, најголемото пристаниште во Грција во близина на Атина се одлучија да го продолжат својот штрајк кој ги замрзна сите поморски трговски активности. Штрајкот започна во првата недела од октомври кога изнајмувањето на пристаништето, кое инаку е во државна сопственост, е официјално активирано во полза на кинескиот гигант COSCO. Работниците го блокираа целокупниот утовар/истовар на стоката што доведе до создавање на енормни колони (ланци) на камиони кои чекаат на стоката. повеќе
Грција: Уште еден емигрант умре по претпувањето од страна на полицијата. Откако на 26ти септември по грешка полицијата упаднала во домот на Мохамад Атиф Камран и ги претепале него и неговото семејство 25-годишниот емигрант бил однесен во келија за измачување каде цели два дена бил подложен на тешко тепање и електро-шокови. По излегувањето, семејството од страв, поради неговиот нерегулиран статус, не го однеле во болница, па на 10ти октомври тој умрел.
Еве како ги третираат емигрантите/ките во Грција, слики од островот Фармакониси, воен камп, ова лето, тука
Во меѓувреме продолжува окупацијата на Егзархија во Атина, откако на 8ми октомври стотици полицајци/ки се истурија во населбата, упаѓајќиво кафе-баровите, приведувајќи педесетина. Претходно, истиот ден, околу 2 часот попладне, во солидарност со грчките затвореници Мазурас, Хаџимихелкис и Ѓоспас, биле нападнати банки и корпорации во Егзархија.
На 1ви октомври во Трикала се уапсени Бонано и Христос Стратигопулос и обвинети за грабеж. Се наоѓаат во пред-судски притвор кој може да трае и до 18 месеци. повеќе
Евикција на новиот сквот во Виена: Повик на акции на солидарност! повеќе
Истанбул: Извештај од анти ММФ/СБ протестите повеќе
Питсбург: Извештај од анти-Г-20 протестите повеќе
Нов текст во онлајн библиотеката на Терор13
Што е безвласништво?
од Хиполит Хавел
Секое големо движење во историјата тежнеело да го крене ползачот на дното и да го постави на нозе. И секое од овие движења било предводено од екстремисти. Сите големи имиња во историјата се имиња на екстремисти. Тие храбри зачетници чии што патеки минуваа низ непознати шуми, мораа во нив да се соочуваат со огромни опасноти кои ги носеше дивата природа, дивите животни и уште подивите луѓе. Јунаците кои први ги кренаа своите гласови во име на верските слободи минуваа низ немилосрдни долгогодишни прогонства. Беа ловени и убивани од државите после долготрајни измачувања. Но, тркалото полека свртува полн круг, и довчерашниот злосторник станува денешен јунак-маченик, и верниците чекорат со милји до неговиот споменик каде му одаваат почит. Оние што се всудија да негодуваат против политичкото ропство мораа да се соочат со бранови од клевети и лаги. Денес местата кои беа сведоци на нивното понижување се украсени со заштитени споменици во нивна чест, и нивните имиња блескаат со додаден сјај, купен од нивното задоцнето признавање. повеќе
Свежи вести од средбата на Г20 во Питсбург
Скопје: Протест пред српската амбасада во солидарност со уапсените другари и другарки повеќе
Турција: Повик на акција во солидарност со емигрантите/ките повеќе

Противниците на одржувањето на геј парадата како контра аргумент го нагласуваат непостоењето на хетеро парада. Доколку во град, како Белград, би замислиле одржување на една ваква манифестација, би било неизбежно колоната на хомосексуалци/ки да помине покрај билборд на кој се смешкаат хетеросексуални парови, покрај реклами за автомобили кои промовираат разголени убавици, фантазии на хетеросексуалните возачи, како и покрај кино салите во кои се прикажуваат емотивни мелодрами – со хетеросексуални сопружници, се разбира. Сепак, не може да се зборува за заверата на хетеросексуалноста.повеќе
А-издание архива
Читанка:
Авторски текстови:
DIY концерти