
Имаме задоволство да претставиме една од првите анализи од учесници/чки во превратите кои ја потресоа Грција по убиството на 15-годишниот Александрос Григоропулос од страна на полицијата, во анархистичката област Ексархија, на 6ти декември.
Ова е само првична збирка одговори кои пристигнуваат од нашите грчки другари/ки. Се надеваме наскоро да добиеме понатамошни гледања од други елементи на грчкото востание, за да можеме да обезбедиме сеопфатна позадина на контекстот и динамиката на револтот. Доколку ти или некој/а познат/а може да даде свои одговори на овие прашања, те молиме пиши на rollingthunder@crimethinc.com.

Имаше илјадници мали, целосно затворени афинитетни групи – групи базирани на разбирање другарство и 100% доверба – и некои поголеми групи како луѓето од трите големи сквота во Атина и уште три од Солун. Во Грција има повеќе од 50 социјални центри, и анархо-политички простори во сите универзитети на земјата, исто така, антиавторитарното движење има секции во сите поголеми грчки градови, а тука е и мрежата на афинитетни групи на Црниот блок, активни во сите грчки градови, базирани на лични врски и комуникација по телефон и пошта. За сите нив Indymedia е многу важна како стратешка точка за собирање и споделување корисни информации – каде конфликтите се случуваат, каде се наоѓа полицијата, каде апси тајната полиција, што се случува насекаде, секоја минута, исто така е корисно на политичко ниво, за објавување огласи и повици за демонстрации и акции.
Секако, не може да заборавиме дека првична форма на координација беше од другар/ка на другар/ка преку моб. тел., тоа беше исто така главен пристап, користен од младите стиденти/ки за координирање на нивните иницијативи, демонстрации и директни акции.
а) Сите видови на мали банди другари/ки носеа спонтани одлуки на улиците, планираа акции и ги изведуваа на хаотичен, неконтролиран начин, илјадници акции се случуваа во исто време насекаде низ земјата.
б) Секое попладне имаше Генерално собрание во сквотирани училишта, сквотирани јавни згради и сквотирани универзитети.
в) Indymedia се користеше за објави и стратешка координација на акциите.
г) Разни комунистички партии исто така ги организираа своите конфедерации студенти/ки
д) Исто така, една особено влијателна федерација беше организирана од другарите/ките на Алексис, во организирање на студентските демонстрации и акции, сквотирање школи и објавување општи прогласи за студентската борба.
За младите суденти/ки (ученици/чки) кои за прв пат беа на улица, како и за емигрантите/ките кои учествуваа, телефеонот беше повеќе од доволен; ова предизвика еден тотално хаотичен и непредвиден елемент во ситуациите. Од друга страна пак, за анархистите/ките и анти-авторитарците/ките Генералните собранија се организационо средство кои тие го користат последниве 30 години за време на било какво движење. Сите афинитетни групи, сквотови, социјални центри, окупирани универзитети и други организации имаат свои собранија, исто така. Некои други учесници/чки вклучија леви политички организации и леви и анархо универзитетски политички простори. За време на борбата се појавија многу блогови и нови координирани мрежи на средношколци/ки.
Мнозинството беа анархисти/ки, половина од нив беа постари, некои ризикуваа многу, поради претходните обвиненија за акции, и доколку беа уапсени ќе се соочеа со притвор. Покрај нив имаше илјадници ученици/чки од 16 до 18 годишна возраст. Веднаш до овие групи беа имигрантите/ките, илјадниците студенти/ки, многу ромски деца “цигани“, кои се одмаздуваа за социјалната репресија и расизмот, какои и стари револуционери/ки со претходно искуство во други социјални борби.

а) Кршење, лумпување, спалување беа основните акции кои ги користеа младите луѓе. Често пати ги напаѓаа скапите шопинг области, отворените фенси луксузни продавници, вадеа се од внатре, а потоа го спалуваа тоа со цел да ги соборат ефектите на солзавците во воздухот. Многу превртени коли кои слуѓеа како барикади, држејќи ја полицијата подалеку, истовремено создавајќи ослободени области. Полицијата искористи 4600 солзавец-бомби – скоро 4 тона – но луѓето запалија безброј огнови, доволно за да оддржат одредени области во кои може да се дише и покрај целата та воена хемија користена од државата против луѓето.
Кога илјадниците луѓе на улиците сфатија дека црниот чад на огнот може да го поништи белиот чад на солзавецот, ја користеа тактиката на горење се што ќе им се најде при рака, како заштита од солзавецот. Други техники вклучуваа кршење на бетонот со чекани, за да добијат илјадници камења кои ќе можат луѓето да ги користат како проектили, и се разбира личната иницијатива на правење и фрлање молотови коктели. Последнава тактика се користеше особено за да се присили полицијата за немири да се плаши и да ги почитува демонстрантите/ките, но исто така како начин да се контролира просторот и времето за напад и бегање.
б) Нападите со стапови, камења и молотови коктели се изведени врз безброј банки, полициски станици и полициски коли низ земјата. Во помалите градови банките и полицијата беа примарни или единствени цели, зошто тесната средина и познавањето меѓу себе го обесхрабрија кршењето продавници, со исклучок на неколку мултинационални корпорациски концесии.
в) Изведени се стотици симболични окупации н сите видови јавни згради, општински канцеларии, театри, радио станици, ТВ станици, и други згради од страна на групи од 50 до 70 луѓе. Исто така, имаше и многу симболични чинови на саботажа и блокирање улици, автопати, канцеларии, метро станици, јавни служби, итн., обично придружено од илјадници и илјадници памфлети дистрибуирани на луѓето во таа област.
г) Секој ден имаше тивки протести, уметнички настани, и ненасилни акции пред собранието и во сите градови. Поголемиот дел од нив беа брутално нападнати од полицијата, која користеше солзавец и апсеше луѓе.
д) Левичарите/ките организираа концерти на јавни места со учество на андерграунд бендови како и политички свесни поп ѕвезди. Најголемиот во Атина вклучи 40 уметници/чки и привлече 10000 луѓе.
Ѓ) Контролираните студентски демонстрации беа организирани од комунистичката партија. Многу од овие привлекоа многу мало учество од спонтаните хаотични студентски демонстрации.

Многу илјади луѓе беа искусни анархистички востаници/чки, антиавторитарци/ки и слободарски автономисти/ки, пола од нив се постари анархисти/ки, кои се појавуваат на улица само на многу важните битки, бидејќи повеќето од нив веќе имаат претходни обвиненија/казни. Исто така имаше илјадници млади луѓе кои се радикализираа во текот на последниве три години, во токот на социијалните борби за социјално осигурување и против привтизација на образованието, но исто така и за огромните спонтани демонстрации, кои се случија за време на пожарите кои изгореа скоро 25% од природните области на Грција, летото 2007. Проценуваме дека за околу 30% од луѓето ова беше прво бунтување/немири.
Повеќето од тактиките користени в оваа борба, веќе подолго време се користат во Грија. Нјважна нова карактеристика на оваа борба беше брзото појавување на акции низ цела земја. Убиството на младо момче во најважната област на анархистичката активност испровоира инстант реакција, во рок од 5 минути по неговата смрт, се активираа анархистичките келии низ целата земја. Во некои случаи, полицијата беше подоцна информирана од анархистите/ките, во врска со причините зашто се соочуваат со напад од луѓето. За грчкото општество беше изненадување што мнозинството млади луѓе во земјата ги присвои тактиките на “анархистичко насилство, кршење и палење“, но ова е резултат на општото влијание кое акциите и идеите на анархистите/ките го имаа во грчкото општество во текот на последниве четири години.
Комунистичката партија се одвои од анархистите/ките и левичарите/ките, и организираше одделни демонстрации. Исто така, објавите кои Комунистичката партија ги издаваше, нивните појавувања во корпоративните медиуми, нивните говори во собранието, и негативната пропаганда која ја изнесуваа против левичарските организации докажа дека тие се вистински непријател на било каков напор за социјална промена.
Она што се нарекува “општа јавност“ во период на теле-демократија е нешто за кое е потребна многу дискусија.
Општо земено, “општата јавност“ чувствува страв кога ТВ вели дека “ги палевме продавниците на кутрите луѓе“, но луѓето знаат многу добро кој вид на продавници се наоѓаат во скапите области каде се случуваа немирите; чувствуваат страв кога ТВ вели дека гневни имигранти/ки се излезени на улица и лумпуваат, но исто така знаат дека емигрантите/ките се сиромашни и очајни, и дека само еден мал број од нив излезе на улица. Имаше многу уметници/чки, теоретичари/ки, социолози/ки и други такви личности кои понудија објаснување за револтот, а многу од нив дадоа свој придонес за нашите каузи; некои веројатно беа фатени во стапица о нивната потреба да учествуваат во духот на времето, додека пак други ја користеа ситуацијата како можност искрено да ги изразат нивните вистински идеи. “Општата јавност“ е гневна поради убиството на 15-годишно момче од страна на полицаец, и ја мразат полицијата многу повеќе од порано; како и да е никој не ја сакаше полицијата во старт. Мнозинството “нормални“ луѓе во Грција не и верува на десничарската влада, ниту пак на минатата (и веројатно идна) социјалистичка влада, и не ја сакаат полицијата, скапите продавници, банките. Сега се појавува ново јавно мислење кое нуди секаква социјално и етичко оправдување на револтот. Доколку порано беше тешко да се владее Грција, сега ќе биде многу потешко.

Во 1973 година младите луѓе беа единствените кои го презедоа ризикот да се побунат против седум-годишната диктатура; иако тоа не беше единствената причина за падот на диктатурата, во колективната меморија останало дека студентите/ките ја спасија Грција од диктаторите и доминацијата на САД. Заедничко верување е дека младите би ризикувале многу за доброто на сите, што произведува чувство на надеж и толеранција кон акциите на студентите/ките. Секако, оваа приказна сега е стара, и иако влијаеше на позадината на борбите, не се споменува во врска со овоој конфликт.
Едно друго влијанние доаѓа од студентските борби од 1991 и 1995 против приватизација на образованието, кои успеаја да ги променат плановите на владата и го сочуваа јавното образование се до денес. Дефинитивно, револтот во декември 2008 бше веројатно врвот на анархистичкото движење во Грција досега, бидејќи се слуќуваше низ цела земјаи со огромен дел на влијание врз акциите и слоганите на општиот дел од општеството, но поранешните студентски борби, особено во Атина во 1991 беа повидливи и погенерализирани.
Младите луѓе од многу богати населби на Атинаисто така ги нападнаа полициските стании во своите населби, така да дури и марксистите/ките за класна војна ќе имаат сериозни проблеми да објаснат што се случува: одвоеноста помеѓу богатите и сиромашните не изгледаше важна колку долгата солидарност и учество во борбата за еднаквост и социјална правда.
Од друга страна пак, грците/кинките помеѓу 25 и 35 години не можат да создаваат семејства и да имаат деца, поради економијата. Грција е најмалку населеното оптество во цела Европа. Но сега нема да збориме за тоа како причина на револтот. Младите луѓе се гневни и ја мразат полицијата, капиталистичкиот цинизам и владата на еден природен инстинктивен начин кој нема потреба од објаснувања или политичка агенда. Локалните медиуми се обидоа да не одат длабоко во анализирање на социјалните услови тука, за разлика од англиските, француските или американските медиуми. Локалните корпоративни ТВ станици се обидоа да протнат лаги за хаотичните “мускетари/ки“ без идеи и без социјален идентитет, затоа што моралното влијание на анархистите/ките е толку силно сега во ова општество, што доколку почнат да зборат сериозно за нашите идеи на телевизија, општеството би експлодирало. Со исклучок на неколку ТВ програми и весници, повеќето масовни медиуми се обидуваат да ги овојат економските прашања од хаотичниот револт.
Дури и левичарите/ките од Мај ’68 генерацијата, кога зборуваат на медиум, велат дека кршењето и немирите не се политички израз на потребите и надежите на луѓето – дека анрхистите/ките и младите немаат способност да изразат една политичка агенда, а луѓето имаат потреба од друг вид на претставување. Секако, сево ова има малку влијание на младите кои ќе учествуваат во социјалните борби во иднина, бидејќи после оваа борба постои висока тензија и голема дистанца помеѓу помладите и секој вид на политичко водство или авторитет.
Личната и колективна потреба за авантура; потребата да се учествува во создавањето на историјата; хаотичната негација на било каква политика, политички партии, и “сериозни“ политички идеи; културниот јаз на омраза на сите ТВ ѕвезди, социолози/гки или експерти кои тврдат дека те анализираат како како социјален феномен, потребата да постоиш и бидеш чуен/а каков/ва што си, ентузијазмот да се бориш против авторитетите и да ја исмеваш полицијата за немири, моќта во срцето и огнот во рацете, неверојатното искуство на фрлање молотови и камења против џандарите/ките пред парламентот, во скапите шопинг области, или во своето мало тивко гратче, во своето село, на плоштадот во твојата населба.
Другите мотивации вклучуваат колективно чувство на планирање акција со своите пријатели/ки, остварувајќи го тоа, и подоцна слушајќи ги луѓето како ти кажуваат за таа акија како неверојатна приказна која ја чуле од некој/а друг/а, ентузијазмот при читање за некоја акција која сте ја извеле со своите пријатели/ки во весник или на ТВ програма од другата страна на планетата, чувството на одговорност кое го имаш при создавањето приказни, акции и планови кои ќе станат глобални примери за идните борби. Исто така големата славениќка забава при кршењето на продавници, земајќи ги производите и спалувајќи ги, гледајќи ги лажните ветувања и соништа на капитализмот како горрат на улица, омразата кон сите авторитети, потребата да се земе учество во колективната церемонија на одмазда за смртта на едно лице кое можеше да бидеш ти, личната одмазда од чувството дека полицијата мора да плати за смртта на Алексис низ цела земја, потребата да се испрати моќна порака на владата дека доколку полициското насилство расте, ние имаме моќ да се спротиставиме/вратиме и оптеството да експлодира – потребата да се испрати директна порака до општеството дека сит треба да се разбудат и порака до властите дека мора да не сфатат сериозно дека ние сме насекаде и дека доаѓаме да промениме се.

Во “вистински“ бројки социјалистите/ките ја зголемија својата предност пред деничарската влада, добивајќи 8% предност на анкетите; “Комунистите/ките од Европскиот социјален форум“ изгубија 1% иако помогнаа во револтот, сепак тие остануваат на трето место со 12%; Комунистичката партија има8%, националистичките нео-фашисти/ки 4.5%, а Зелената партија цврсто се држи на 3.5%
Исто така е интересно што сега на лидерот на Социјалистите/ките се гледа како на прв во “способноста да ја води емјата“ после многум години со многу помала популарност од десничарскиот премиер. Немирите имаа огромно влијание на политичката сцена: политичките партии се чини не беа способни да раберат, објаснат или реагираат на огромниот бран насилство и учество од секое ниво на општеството. Нивните изјави беа небитни за она што всушност се случуваше. Нивната популарност значително се намали кај помладата популација, кои не се гледаат себеси во логиката и политиката на политичките партии и не се чувствуваат дека се претставени од нив.
Последниве неколку години анархистите/ките создадоа мрежа на заедници, групи, организации, сквотови, и социјални центри скоро во сите поголеми градови во Грција. Многу од нив не се сакаат меѓу себе зошто постојат многу значителни разлики помеѓу групите и индивидуите. Сепак, ова е од помош на движењето, бидејќи сега движењето може да покрие една цела лепеза на прашања. Многу различни видови луѓе ги наоѓаат своите другари/ки во различни анархистички движења, и сите заедно се поттикнуваат меѓу себе – на позитивен, иако спротиставен начин – да комуницираат со општеството. Оваа комуникација вклучува создавање околни собранија, учествување во соијалните борби и планирање на акции кои имаат значење за целото општество. По 30 години анти-социјален анархизам, анархистичкото движење во Грција денес, со сите свои проблеми, ограничувања, внатрешни конфликти, има споособност да погледне надвор од анархистичкиот микрокосмос и да преземе акции кои би го подобриле општеството во целина, на начини кои се спремно очигледни. Секако, потребни се големи напори за ова да стане очигледно, но ден по ден никој/а вече не може да го порекне.
Што се однесува на улогата на анархистите/ките во отпочнувањето и продолжувањето на акциите... особено на почетокот – саботата и неделата , 6ти и 7ми декември – како и во продолжението, во средата, 10ти декември, анархистите/ките беа огромното мнозинство од оние кои ги изведуваа акциите. Во средните денови, особено понеделникот, кога се случи деструктивниот Армагедонн, многу важна улога одиграа студентите/ките и имигрантите/ките. Но големо мнозинство од студентите/ките им беше доволно да се чувствуваат задоволни по ден, два, три кршење, потоа си заминаа дома или се придружија на демонстрациите со попоацифистичка атмосфера. Исто така, имигрантите/ките мораа да се соочат со многум силна реакци од локалниот народ, па се плашеа да се вратат на улица.
Значи 20000 анархисти/ки во Грција го започнаа, и продолжија кога сите други се вратија во нормала. И мора да споменеме дека токму стравот од враќање во нормала ни помогна да продолжибе со борбата за уште 10 дена, ставајќим се себеси во голема опасност, кога чиновите на одмазда за убиството на нашиот другар се трансформираа, во нашите фантазии, во подготовка за генералниот штрајк. Сега европското општество конечно знае како изгледа социјално востание, и дека не е тешко да се промени светот за неколку месеци.
Но потребно е сите да учествуваат и да ја играат својата улога. Младите од Грција испратија покана до сите општества низ Европа. Сега ги чекаме нивните одговори.
На некој начин може да се каже дека само пред три или четири години анархистите/ките почнаа да се сфаќаат себеси “сериозно“, па така сме гледани и од поширокото општество. Само во изминатите неколку години успеавме да ги надминеме ограничувањата на анти-полиија стратегијата, кој ги карактеризираше нашите напори цели 25 години. Според таа стратегија, ние ја напаѓавме полицијата, тие ќе испоапсеа луѓе, ние ќе организиравме солидаристички акци, и така цело време. Ни требаа 25 години да избегаме од оваа рутина. Секако, анти-полииските напади и борби продолжија, а движењето за солидарност со затворениците/чките е посилно од било кога, но анти-соцјалниот елемент во анархистичкото движење е ставен под совеесна само-контрола сега, користејќи акции и планови кои можат многу појасно да се сфатат од барем еден дел од општеството.
Многу акции, како нападите на супермаркети и бесплатната распределба на украдените производи помеѓу луѓето, станаа многу популарни и добро прифатени. Исто така нападите на банки, особено сега со економската криза, се добро прифатени, а нападите на полициските станици се усвоени и користени од средношколците/ките низ земјата. На овој или оној начин ние бевме прва тема на вестите во последните 15 дена. Генерално земено, со наше учество во студентските и работничките борби како и во еколопките борби, секоја недела некоја акција преземена од анархистите/ките привлекува внимание и нуди видливост на анархистичкото движење.
Ова не значи дека “анархизмот“ е сфатен сериозно од мнозинството грчки народ, бидејќи повеќето луѓе сеуште веруваат во лагите на телевизијата кои не опишуваат како “мускетари/ки“ и криминалци/ки, а исто така мнозинството немаат идеја како би функционирало едно анархистичко општество – тоа вклучува многу и од анархистите/ките, исто така, кои одбиваат да се свртат кон тоа прашање! Но нашите акции, критики и идеи имаат сега силно влијание на левите и прогресивни луѓе. Веќе не е возможно да се каже дека не постоиме, а сега нашето постоење го радикализира мнозинството од помладата генерација.
По ’93тата имаве силна тенденција во грчкото анархистичко движење – придружена од многу сериозни внатрешни борби – која го елиминираше влијанието на “субкултурните“ стилови во движењето. Ова значи дека не постои панк, рок, метал или било кој друг, анархистички идентитет во грчкото анархистичко движење – можеш да бидеш што сакаш, можеш да слушаш што сакаш, можеш да имаш било кој стил или мода, но тоа не е политички идентитет.
Во уличните битки овој месец, учествуваа многу “емо-си’, заедно со хипи фриковите и рејверите, многу панкери, хеви металци девојки и момци, како и тренди, нормални деца и студенти/ки кои сакаат грчка музика или што и да е. Мора да биде социјалната и политичката свест, социјалнта критика и колективното разбирање кои ќе те доведат да учествуваш во анархистичките движења, а не модата. Секако, барем во последниве 19 години Void Network и слични колективи играа улога на нудење културно запознавање со радикалните политички простори. Овие групи организираа многу културни/политички настани, фестивали и забави секоја година и имаат моќ да привлечат илјадници илјадници луѓе во андерграунд културите. Но дури и Void Network не создава субкултурни идентитети, не ги одвојува различните субкултури, и се обидува да организира настани кои ги вклучуваат повеќето андерграунд култури. Сепак, вистина е дека мнозинството луѓе во сцената посетуваат и учествуваат на повеќето настани на н.с. (diy) андерграунд културата, многу настани секој месец се организираат во ослободените простори.
Со политиката на одвојување од субкултурниот идентитет луѓето сфатија дека за да се наречат себеси анархист/ка потребно е многу посериозно учество, планирање, креативност и акција од само носење маица со антихрист на неа и шеткање на пнк концерти, пиејќи пиво и земајќи хипно-апови. Сега постои разбирање дека за да се наречеш себеси анархист/ка треба да одиш на демонстрации, да излезеш на улица со банери и црни или црно-црвени знамиња, извикувајќи слогани заедно и манифестирајќи го анархистичкото присуство. Исто така, дека треба да присуствуваш секоја недела на едно, две или три различни собранија со луѓе за подготовка на една, две или три различни акции, планови или борби за да се наречеш себеси анархист/ка. Треба да бидеш другар/ка со луѓето, во кои веруваш 100%, со кои планираш било што опасно, мора да бидеш свесен/на и информиран/а за се што се случува во овој свет за да одлучиш кој е соодветниот тек на акцијата, мора да бидеш луд/а и ентузијаст/ка, да чувствуваш дека можеш да направиш неверојатни нешта – мора да бидеш спремен/на да го дадеш својот живот, своето време, своите години во борбата која нема крај. Здраво е да немаш очекувања, затоа што не се разочаруваш. Не очекуваш да победиш. Навикнат/а си на тоа да се појавиш, бориш, и потоа повторно исчезнеш; да знаеш како да станеш невидлив/а како личост а вилив/а кко колективна моќ, знаеш дека не си центар на универзумот, но дека во секој момент можеш да станеш центар на своето општество.

Мора да најдеме интелегентни начини на објаснување на нашите идеи на луѓето. Потребни ни се техники на политичка комуникација со цело општество, подобри и посилни начини да направиме “политички превод“ на нашите акции и да ја ставиме целата борба во нејзин социјален контекс. Во една теле-демократија, каде политичарите/ките не се ништо повеќе од телевизиски суперѕвезди, нашето одбивање да комуницираме со или преку масовните медиуми е здраво, но мора да најдеме нови начини да ја надминиме мас-медиумската “консензус реалност“, медиумската пропаганда против нас, и да изнајдеме начини да ги објасниме целите на нашите акции на општеството. Се додека се што ќе се појави на ТВ “постои“, а се што не се појавува на ТВ “не постои“, ние ќе бидеме таму со нашите луди идеи, опасните акции и улични битки за да ја скршиме нормалноста на ТВ програмата, ќе ја користиме негативната реклама на нашите акции да ги киднапираме фантазиите и соништата на обичните луѓе. Но како можеме да ги објасниме нашите позитивни идеи на сите? Како можеме да помогнеме луѓето да престанат да им веруваат на медиумите? Како да дојдеме во контакт со милиони, милиони луѓе?
Ќе треба милиони и милиони постери и бесплатни памфлети, патувајќи од рака в рака на улица, ќе треба милиони покани за демонстрации и учество во соцојалните борби; ќе треба повеќе јавни служби во секциите кои владата не сака или не може да ги покрие – бесплатни анархистички доктори/ки и учители/ки, бесплатна храна, бесплатно сместување, информации, андерграунд култура, итн. – тоа може да ги доближи луѓето до нашите идеи. Ќе требаат исто така се повеќе сквотови и социјални центри. Доколку можеш да сквотираш, тоа е подобро, но дури и да не можеш да сквотираш во твојот град, изнајми место со пријателите/ките, погрижи се за бирократијата, направи колектив, започни собрание и стави црно или црно-црвено знаме на влезот. Почни да им нудиш на луѓето од твојот град пример за живеење на свет без расизам, патријархија или хомофобија, место на еднаквост, слобода и почит кон различностите, свет на љубов и споделување. Потребна ни е повеќе “Автономија“ во инсурекционизмот на грчкото анархистичко движење, да засвеи како парадигма на новиот бран на социјален живот и да ја демонстрираш оваа роман-преживувачка методологија во метрополисот.
Соништата и плановите на бунтовниците/чките се остварија: огромен бран на учество “ги одмина“ анархистите/ките, и во текот на многу хаотични денови луѓето патуваа и се бореа во градот како никогаш дотогаш, во непознато време и простор на постоење.
Истите денови, секако, се соочија лице в лице со ограниченоста на бунтот. Сега луѓето поминуваат многу часови во дискусии за тоа како да се прошири народното разбирање и да се пронајдат практики, акции и методи кои ќе ја оддржат и збогатат борбата. Многу луѓе размислуваат за начини кои би ги зближиле различните елементи на револтот. Полициската репресија не играше толку важна улога при крајот на немирите, колку што одигра физичката истоштеност. Сите споделуваме чувство на коплетност и чивство на зачеток, а овие се чувства кои полицијата не може да ги допре.
Продолжена/постојана борба! Бескрајна битка за политичка, социјална и економска еднаквост! Постојано ширење на слободата!
Во иднина, неолибералните влади во Грција и низ Европа ќе размислат сериозно пред да се обидат да имплементираат било каква економска или социјална промена. Немирите во Атина и економската криза го прекинаа цинизмот на властите, банките и корпорациите, радикализираа нова генерација во Грција, и му дадоа шанса на нашето општество да отвори дијалог за масовните социјални борби во иднина.
Како што вели слоганот од декември 2008та во Атина и Ексархија:
НИЕ СМЕ СЛИКА ОД ИДНИНАТА
Прашањата беа одговарани од Void Network (теорија, утопија, емпатија, ефемерни уметности), а поставувани од CrimethInc. ex-Workers’ Collective
Апендикс 1: Линкови до блогови на окупираните универзитети

Апендикс 2: Важни сквотови во Грција
Има безброј други згради, социјални центри и проекти во Грција – овие се само неколку:
Во Атина:
Villa Amalias - http://villa-amalias.blogspot.com/ (од 1990)
Lela Karagianni - http://www.geocities.com/lelas_k/index.htm (од 1988)
Farm Prapopoulos - http://protovouliaxalandriou.blogspot.com/ (од 2006)
. . . и исто мора да го споменеме Nosotros - http://www.nosotros.gr/ (Слободен социјален простор) во Ексархија, ажико тој социјален центар не е сквот, туку изнајмена куќа
Во Солун:
Fabrika Yfanet - http://fiveprime.org/hivemind/Tags/yfanet (од 2004)
Terra Incognita - http://www.flickr.com/photos/20222375@N07/2280591376 (од 2005)
Delta squat - http://delta.blogs.squat.gr/ (од 2007)
Извор: Crimethinc